Connect with us

Скопје

Признанија и награди за првенците на генерација од Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година. Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност.

Со особена гордост им честитаме на:

  • Павел Ангелов – ООУ „Александар Македонски“
  • Стефани Накова – ООУ „Димитар Македонски“
  • Исидора Илијоска – ООУ „Блаже Конески“
  • Илина Трпеска – ООУ „Гоце Делчев“
  • Димитар Стојановски – ООУ „Гоце Делчев“
  • Ива Минова – ООУ „Љубен Лапе“
  • Ана Станчева – ООУ „Лазо Ангеловски“
  • Јаков Грујовски – ООУ „Браќа Миладиновци“
  • Ангела Давитковска – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

Благодарност до наставниците, директорите, стручните служби и семејствата, кои секојдневно ги охрабруваат и поддржуваат младите на патот кон успехот.

Општина Аеродром ќе продолжи да ги поддржува и наградува младите таленти, затоа што тие се нашата најголема вредност и најсигурна инвестиција во иднината.

Ad
Ad