Connect with us

Филм

„Д виспер мен“, нов психолошки трилер со Роберт де Ниро

„Д виспер мен“ („The Whisper Man“), нов психолошки трилер со Роберт де Ниро во главната улога. Филмот е базиран на истоимениот бестселер на Алекс Норт. Трилерот се најде на листата на Њујорк тајмс.

Приказната е за вдовец и писател на криминалистички романи кој се соочува со најголемиот кошмар на секој родител поради киднапирање на синот. Во очајнички обид да го пронајде, тој е принуден да побара помош од својот отуѓен татко, пензиониран полициски детектив. Нивната истрага наскоро открива вознемирувачка поврзаност со серискиот убиец познат како „Д виспер мен“, осуден пред неколку децении.

Филмот е во режија на Џејмс Ешкрофт. Сценариото го потпишуваат Бен Џејкоби и Чејс Палмер. Главните улоги, покрај Де Ниро, ги толкуваат Мишел Монаган и Адам Скот. Филмот е во продукција на АГБО.

„Д виспер мен“, се очекува да стане еден од најголемите трилери на Нетфликс за 2026 година, нудејќи приказна исполнета со неизвесност, мрачни тајни и психолошки пресврти што ќе ги држат гледачите во неизвесност до самиот крај.

Премиерата на филмот е на 28 август на Нетфликс.

Ad
Ad