Филм
Актерот Шаја Лабаф осуден на условна казна откако призна вина за тепачка
Актерот Шаја Лабаф е осуден на условна казна во траење од шест месеци и две години, откако се изјаснил за виновен и признал дека нападнал три лица пред еден бар во Њу Орлеанс за време на одржувањето на фестивалот „Марди Гра“ информираше Ен-би-си њуз.
Според одлуката на судот, Лабаф е обврзан да посетува терапија за лекување од алкохолизам. Казната ја изрекол судија од округот Орлеанс, а информацијата ја потврдила адвокатката на актерот, Сара Червински.
Лабаф, кој е најпознат по главните улоги во филмовите „ Трансформери“ од 2007 година и „Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп“ од 2008 година, бил уапсен во близина на историскиот француски кварт во Њу Орлеанс. По апсењето, тој бил пуштен на слобода со кауција, а случајот заврши со признавање вина и изрекување условна казна. Според судската одлука, покрај условната казна, актерот ќе мора да се лекува од алкохолизам.
јуни 5, 2026

