Економија
Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи во април 2026 година вкупно се зголемени за 0,6 отсто во однос на претходниот месец и 5,1 процент во однос на истиот месец претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар во април 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 0,7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,8 %, а се намалени во секторот Рударство и вадење камен за 2,5 %. Во секторот Снабдување со вода, отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.
Во април 2026 година во однос на истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 14,9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4,4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10,5 % и во секторот Снабдување со вода, отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6,4 %.
мај 30, 2026
