Connect with us

Економија

Ристески: Новиот оперативен план во функција во јуни, а до крајот на летото и десетпати повисоки казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики

Годинашниов, нов оперативен план за вработување со мерки, тежок околу 40 милиона евра, ќе профункционира во јуни, веќе помина на владина седница и наскоро ќе се знаат деталите и можностите за вработување на невработени, социјално загрозени и, посебно, млади до 29 години, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. 

– Во вторникот на владина седница беше донесен оперативниот план и се надевам дека од нареднава недела ќе биде и оперативен, односно, ќе може да го користат сите оние кои се пријавени како невработени лица и категории граѓани кои се опфатени со мерките во оперативниот план. Од вторник ќе излеземе со официјален став за сите нови мерки во оперативниот план и промени кои ќе ги има за да биде поефективен и подостапен за невработените лица, посебно за младите. Тука ќе биде опфатена и можноста за вработување на нашите иселеници за да може да дојдат и да се вработат тука, рече Ристески. 

Целта на Владата и на Министерството е преку разни активни мерки да овозможиме заинтересираните да го употребат својот претприемачки менаџерски дух да отворат сопствени бизниси или да се вработат во постојните претпријатија и да не дозволиме младите да заминуваат од државата.

– Оперативниот план досега има дадено одлични резултати. Ланскиот е реализиран со дури 92 проценти. Во текот на 2025 година 12 000 лица ги користеле мерките од оперативниот план, а најатрактивна мерка е самовработувањето и преку 2 600 лица ја искористиле оваа мерка за да отворат сопсвен бизнис и да се вработат, вели Ристески.

Законот за нефер трговски практики ќе претрпи измени во текот на летото, најмногу во казнената политика со десетпати зголемени казни за трговците, но и за добавувачите. Комисијата за заштита на конкуренцијата има оформено околу  45 предмети со изрерчени казни од околу 200 000 евра.

– Досега се изречени казни во висина од 200 000 евра за прекршување на Законот за нефер трговски практики. Практиката ни покажува дека треба да се направат одредени промени во Законот, пред се, од техничка природа за техничко доуредување на договорите помеѓу добавувачите и трговците, но најголемите промени се очекуваат во казнената политика и предвидуваме десеткратно зголемување на казните. Сега казните најмногу изнесуваат до 20 000 евра, а со измените кои ги очекуваме до крајот на летово, казните да бидат десетпати поголеми за сите кои го изигруваат законот на грбот на производителите и добавувачите, а на крајот и на граѓаните кои ја плаќаат цената на производите, изјави во Прилеп Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1