Connect with us

Сцена

Дрејк го надмина рекордерот Мајкл Џексон со најмногу песни на прво место на „Билборд хот 100“

Рап-пејачот Обри „Дрејк“ Грејм стана солоизведувач со најмногу песни на првото место на „Билборд хот 100“, откако неговата песна „Џенис СТФУ (Janice STFU)“ се искачи на врвот на оваа светски релевантна топ-листа.

Со тоа, канадскиот рапер го урна долгогодишниот рекорд на Мајкл Џексон за најмногу песни на првото место од машки изведувач. Некогашниот „крал на поп-музиката“ претходно го држеше рекордот со 13 песни на првото место. Новиот успех на Дрејк доаѓа само неколку недели откако поп-рап-ѕвездата ги изненади своите обожаватели со објавување на три албуми на 15 мај: „Ајсмен“ („Iceman“, или „Леден човек“), „Хабиби“ и „Maid of Honour“ („Деверица“). И трите албуми доминираа на топ-листите по нивното објавување, достигнувајќи го првото, второто и третото место, соодветно.

Откако го промовираше „Ајсмен“ преку преноси во живо и необјавени најави претходниве две години, Дрејк за време на последниот стрим пред објавувањето, откри дека oвoj деветти студиски рап-албум, како изненадуваање, ќе биде придружен од два други албуми.

Секој од трите проекти претставува различна страна од неговата дискографија. Како гости се јавуваат британкиот рапер 21 Севиџ, како и Американците Фјучр и Моли Сантана.

Албумот содржи остри текстови и критики за медиумската сцена, насочени кон АСАП Роки, Џеј-зи, Кендрик Ламар, НБА-кошаркарот Леброн Џејмс и Ријана.

Другата музичка збирка – „Хабибти“ (Преведено од арапски: „Сакана моја“), според познавачите, има поисцртани ар-ен-би ноти. Раперот дополнително го надмина сопствениот рекорд со вкупно 90 хитови меѓу првите 10 во својата кариера и официјално стана првиот изведувач кој надмина 400 записи на „Билборд хот 100“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1