Connect with us

Општини

Во Кочани цвеќе и почит за сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Во рамките на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите солунски браќа Кирил и Методиј, денеска пред споменикот на големите учители во дворот на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ беше положено цвеќе.

Почит кон рамноапостолите и основоположниците на словенската писменост оддадоа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Драган Трајчев, како и повеќе општински делегации, претставници на јавниот и општествениот живот, наставниот кадар и првачињата.

Пред споменикот, присутните изразија длабока благодарност за епохалното дело на сесловенските просветители, кои со создавањето на првата словенска азбука – глаголицата, ги отворија вратите на описменувањето и културниот развој на словенските народи. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1