Култура
Младинскиот оркестар од Куманово ќе настапи на престижниот „Клауд Фест“ во Тирана
Младински оркестар при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово заедно со Мартинијан Кириловски и Драгана Јовановска гостува во Тирана на престижниот фестивал „CloudFest 2026“. Фестивалот е во организација на Општина Тирана и албанското Министерство за култура и важи за еден од позначајните културни настани со меѓународен карактер.
Раководителот на оркестарот Александар Митрички вели дека учеството на фестивалот претставува голема чест за установата, но и за Куманово и државата, бидејќи на настанот ќе настапат уметници, музичари, танцови групи и изведувачи од повеќе земји во светот, меѓу кои Шведска, Италија, Германија, Норвешка, Белгија и Обединетото Кралство.
– Таму ќе ја презентираме македонската поп-музика и преработки на македонски народни песни-изјави Митрички.
Од Центарот за култура најавија и нови активности по враќањето од Тирана. Во јуни годинава во Куманово ќе гостуваат музичари од „Трио Академико“, договорено е гостување на опера и балет. Младинскиот оркестар подготвува и голем летен концерт на градското плато со учество познати имиња од македонската музичка сцена
мај 23, 2026
