Connect with us

Култура

Македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Загреб со проекција на „Медена земја“ во Карловац во знакот на културната дипломатија

По повод Светскиот ден на пчелата, во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб, беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното „Едисон“ во Карловац.

Како што соопшти КИЦ Загреб, настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог и темите поврзани со природата и одржливиот развој.

Во своите обраќања тие ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка, културното поврзување и универзалните пораки што ги носи филмот „Медена земја“ – припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два начини на искористување на природните ресурси.

Филмот „Медена земја“, кој испиша историја во македонската кинематографија со двете номинации за наградата „Оскар“, предизвика голем интерес кај публиката во Карловац, а присутните имаа можност да проследат едно од најзначајните документарни остварувања од регионот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1