Connect with us

Општини

На Спомен костурницата од НОВ во Велес одбележан Денот на победата над фашизмот

По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев, претставници на Советот на Општина Велес, од Армијата, од институции и од Општинскиот Сојуз на борци денеска положија цвеќе на Спомен – костурницата од Народноослободителната војна, а изградена во чест на жртвите од фашизмот од Велес и велешко.

На Спомен костурницата во Велес, почиваат 90 – тина борци загинати во текот на Народноослободителната војна од Велес и велешко, меѓу кои и поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Свеченоста започна со интонирање на македонската химна и положување на цвеќе, а беше збогатена со уметничка програма со настап на хорот на ООУ „Васил Главинов“ под диригенство на професорката Веселинка Маџарова.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4