Connect with us

Општини

Oтворен Ден во велешката Гимназија„Кочо Рацин“ најстарата во земјава и на Балканот

Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ од Велес денеска на традицоналниот Отворен ден за деветооделенците од градот и поширокиот велешки регион на штандовите на отворено во дворот и во кабинетите ги претстави наставните предмети и воннаставни активности.

Како новина од идната учебна година е новата концепција за гимназиско образование според која програмата во гимназијата по 20 години претрпува промени. Со новините секој ученик во втора година ќе има слобода на избор кои предмети ќе ги изучува,односно поголемиот број на предметите на учениците  ќе им бидат изборни според нивна желба и афинитет, информира за МИА, Илија Попов, директор на Гимназијата.

-Тоа е она што од идната учебна 2026/2027  година ќе не направи да се разликуваме од останатите средни училишта и од средното стручно образование.Воедно  за оние ученици кои ќе одберат да учат во гимназијата, разликата е што државната матура која ќе ја полагаат по 4 години ќе биде исклучиво од програмата која ќе ја изучуваат во гимназиското образование.Тоа е нашата предност како Гимназијата,што е привлечно и инетерсно за  сегашните деветооделенци  да се запишат во Гимназијата „Кочо Рацин“, потенцира Попов.

Воедно информира дека предноста е што учениците кои ќе завршат гимназија ќе можат да се запишат да студираат на било кој факултет. 

Тој оцени дека денеска интересот на деветоодленците бил голем за упис во Гимназијата „Кочо Рацин“ и тој е задоволен од нивната посета заедно со нивните наставници. Иим се заблагодари на професорите од гимназијата вклучени во презентациите на денешниот Отворен ден. 

Инаку на  бината на отворено во гимназискиот двор денека  имаше и музички настап на талентирани гимназијалци на повеќе инструменти а некои изведуваа и познати домашни и странски хитови. Некои ученици на штафелаи на отворено  цртаа и боеја лики, а  имаше и изложба од ликовни у уметнички дела од гимназијалците.

На Отворениот ден  имаше претставување од некои од  факултети од Скопје, како УКИМ,  ФОН и  Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе и Битоле, кои на свои штандови за матурантите од Велес  ги претставија  своите студиски програми.

Во учебната 2026/2027 во велешката фимназија ќе има шес паралелки од кои четити на македонски јазик една билигвална македонско – англиска и една на албански наставен јазик.

Велешката Гимназија „Кочо Рацин“  е најстара во Македонија и Балканот, отворена е во далечната 1857 година и има цели 169 години непрекината просветна дејност. Во неа од 1 февруари 1945  година веднаш по ослободување на Велес,  веќе  81 година наставата   се изведува на мајчин, македонски јазик.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2