Connect with us

Општини

Традиционално и годинава на 7 мај литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга

Традиционално и годинава моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона на 7 мај, ден по Ѓурѓовден носени во торжествена литија низ струшките улици ќе го осветат градот на поезијата.

Моштите на светителот од манастирот во Рајчица, според Дебарско-кичевската епархија, свечено ќе бидат пречекани во 13 часот во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците ќе може да се поклонат.

Со отслужување на ктиторската вечерна богослужба во храмот „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга и молитвена поворка низ градот, попладнево се одржа познатата струшка Литија (Еордија) со мошт

По отслужената вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски Георгиј, заедно со митрополитот Тетовско – гостиварски Јосиф и свештенството од Дебарско-кичевската епархија, Литијата ќе тргне од дворот на црквата „Свети Георгиј“. Со традиционалните торжества, како што информира отец Васко Голабоски, но и новини ќе помине низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црковниот двор.

Поворката, појасни, ќе ја води церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

– Поворката ќе ја најави звукот на клепалото. Следува ред од млади облечени во стихари, кои ќе носат црковни рипиди и бајраци. По нив следува чудотворната икона на Свети Великомаченик Георгиј од истиомениот храм во Струга носена од четворица угледни граѓани. Редот ќе продолжи со благочестиви граѓани облечени во свечени стихари со развиорени црковни знаменија. Следува Градскиот дувачки оркестар на Град Скопје и оркестарот на државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец“ од Струга, торжествено интонирајќи ги празничните химни. Традиционално покането е во поворката учество да земе целото монаштво на манастирите од епархијата и целата наша Македонска православна црква, изјави Голабоски.

Новина годинава, додаде тој, е збогатувањето на литијата со членовите на културно уметничките друштва „Илинден“ од Струга и „Дримкол“ од Вевчани, облечени во локални народни носии, по што во празнични одежди ќе се движи свештенството и архиереите, по кои доаѓа раскошно украсениот цветен епитаф со чесните мошти на „Свети Георгиј“. По нив доаѓаат мноштвото верници.

– Оваа година посебност е што литијата ќе добие хуманитарен карактер, собраните средства ќе бидат наменети за лица на кои им е потребна помош.

По завршувањето на Литијата во дворот на храмот ќе биде приредена културно уметничка програма.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1