Живот
(Видео) Надминат светскиот рекорд – најдолгиот тирамису колач на светот направен во Лондон
„Рекордот за најдолгото тирамису на светот е соборен во Лондон. Сто италијански готвачи во градската куќа во Челзи, се здружиле да направат доволно долго тирамису за да го надмине претходниот рекорд кој го постави компанијата Галбани (Galbani) во Милано, кој изнесувал 273,5 метри“, пренесе ББС.
Во согласност со правилата на Гинисовата книга на рекорди, рекордниот тирамису колач бил подготвен на самото место, а биле искористени 50.000 бисквити и повеќе од 3.000 јајца. Со ова, тирамису колачот со должина од 440,6 метри, го надминал претходниот светски рекорд. Мирко Ричи, човекот кој стои зад обидот за соборување на рекордот во Лондон, бил рекордер сè до 2017 година во Италија, но истиот бил надминат од друг италијански тим во 2019 година.
– Тирамису десертот претставува најневеројатниот десерт направен во Италија, а одлуката да се подготви во Обединетото Кралство, а не во Италија, била донесена како гест на благодарност кон дворецот, изјави Ричи. Огромниот десерт кој беше завршен со златна круна и натпис „Благодарам Ваше височество (Grazie Your Majesty) на врвот, е посветен на кралот и на кралското семејство, додаде тој.
Готвачот Кармело Карневале, кој исто така учествувал во обидот да се направи тирамису долго 300 метри, изјавил дека колачот мора да биде висок најмалку осум сантиметри и широк 15 сантиметри за да ги исполнува условите за соборување на рекордот. На прашањето што го прави добар овој тирамису колач, Карневале нагласил: многу добра кафе, убав и цврст крем, како и многу страст.
април 28, 2026

