Свет
Тројца убиени во напад на американските сили врз чамец осомничен за превоз на дрога
Три лица загинаа при американски воен удар врз пловен објект, осомничен дека превезувал дрога во источниот дел на Тихиот Океан.
Кампањата на администрацијата на Доналд Трамп за уништување сомнителни пловни објекти поврзани со трговија со дрога во водите на Јужна Америка почна во септември минатата година и досега, според информациите, однела најмалку 186 животи. Слични напади беа извршени и во Карипското Море.
Јужната команда на воените сили на САД јавија за последниот извршен напад, но не презентираа докази дали во некој од нападнатите пловни објекти навистина превезувал дрога.
По вчерашниот напад, Јужната команда на платформата „Икс“ објави виде на кое се гледа како чамец се движи со голема брзина пред да експлодира. Армиското соопштение беше посочено дека цел на нападите се лица осомничени за наркотрафик долж познати шверцерски рути.
Претседателот Трамп изјави дека САД се во „оружен конфликт“ со картелите во Латинска Америка и ги оправда нападите како неопходни за ограничување на испораките дрога кон САД.
Критичарите, пак, ја доведуваат во прашање законитоста на таквите напади.
април 27, 2026

