Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-измените на Законот за минерални суровини ги зајакнуваат механизмите за заштита на животната средина

Предлог измени на Законот за минерални суровини, не се закана за животната средина, затоа што на сила остануваат сите постојни механизми за нејзина заштита.

Предложените измени се јасно дефинирани, ограничени по опфат, прецизно таргетирани и се однесуваат исклучиво на јавните претпријатија, односно субјекти врз кои државата има директна или индиректна контрола и на минерални суровини од јавен интерес, пред сè енергетски минерали како јагленот и други ресурси со стратешко значење за државата.

Важно е да се напомене дека во ниеден случај не се менуваат еколошките стандарди, не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат механизмите за инспекциски надзор и контрола и не се отвора простор за неконтролирано доделување концесии на приватни субјекти.

Наспроти тврдењата во јавноста, измените ја зајакнуваат улогата на државата во управувањето со ресурсите од стратешкото значење и со нив се обезбедува координирано и контролирано користење на ресурсите.

Во член 10 се предвидува дека за одредени категории минерални суровини од јавен интерес, Владата дава претходна согласност во постапката за доделување концесија за детални геолошки истражувања.

Ова, во ниту еден случај, не е олеснување на процедурите, туку напротив, претставува, вклучување на највисокото ниво на одлучување, што значи поголема одговорност и институционална контрола.

Измените овозможуваат во постапката за добивање дозвола за експлоатација да се земе предвид и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво во случаи кога станува збор за проекти од јавен интерес.

Тие имаат за цел да ги надминат практичните административни пречки кои досега ја отежнуваа реализацијата на проекти од јавен интерес, особено во енергетскиот сектор, што значи поефикасна постапка, не пониски стандарди.

Со овие измени се дава предност на јавниот интерес преку институции под државна контрола и се создава правна рамка за реализација на проекти од стратешко значење, особено во енергетиката.

Сето ова не значи либерализација, туку поефикасни постапки, повисоко ниво на контрола на државата, високи еколошки стандарди и зајакнати механизми за заштита на животната средина.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1