Connect with us

Политика

Лефков: СДСМ е соработник на Бугарија, Софија ја диктира темата за државјанствата

Од авион се гледа синхронизираноста на темата за државјанствата меѓу структури од Бугарија кои ја пуштаат темата незадоволни од политиката на патриотизам и непопустливост на ВМРО, за разлика од поданичката политика на СДСМ, со која се налепуваат на оваа тема диктирана од Бугарија како мува на мед, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во изјава за медиумите во Собранието.

Ваквата координација е резултат на бројните бизниси преку бугарски сметки на луѓе од врвот на СДСМ и фактот дека некој очигледно како да ги има фатено за врат и дека мора да испорачуваат сега.

Кога на Бугарија ќе ѝ притреба Македонија во нивната јавност, СДСМ истиот ден изутрина на прес ја сервира таа услуга за Бугарија. Од целиот процес за државјанства направи циркус и пародија.

По истиот принцип, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ може сега да побара да нема златни визи или документи за жителство какви што има првиот човек на СДСМ во Дубаи? Бидејќи истите тие документи создаваат сомнеж дека би можеле да бидат употребени ако личноста сака да избега од државата поради коруптивни дејствија, кои кај овој лик се основан сомнеж.

Ова нивно водење политика е незрело и е по диктат, а не согласно интересите на Македонија. Оваа реактивна политика и ваквиот поданички однос на СДСМ, во форма на Павлов рефлекс кога бугарски структури имаат потреба од тоа, е дегутантно и може да создава дополнителни предизвици во односите, но и да ѝ создава штети на Македонија.

Ова ниво на апсурд кое СДСМ го покажува во послушноста остава простор истовремено и за разни други пародични ситуации кои би можеле да се случуваат во државава.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2