Connect with us

Свет

Државните медиуми: Иран не испрати делегација на разговорите со САД во Пакистан

Иран сè уште не испратил никакви претставници на разговорите со САД во Исламабад – пренесуваат државните медиуми.

Ниту експерти за прелиминарни дискусии ниту главна делегација не отпатувала во пакистанската престолнина, се наведува во извештајот на државното радио, пренесе ДПА.

Владини претставници нагласија дека преговорите нема да се водат под сенка на „закани и кршење на договорите“, јавија државните медиуми.

Втората рунда разговори со САД би зависела од тоа дали Вашингтон ќе отстапи од своите позиции, иако не беа дадени дополнителни детали.

Клучна точка во спорот останува американската поморска блокада на иранските бродови и пристаништа. Претседателот Доналд Трамп на „Тру соушал“ објави дека ќе ја задржи блокадата додека не се постигне договор.

Според пакистански безбедносни извори, Техеран го услови своето учество во разговорите со укинување на блокадата.

Двонеделниот прекин на огнот меѓу САД, Израел и Иран треба да истече утре. Трамп за „Блумберг“ вчера изјави дека е „малку веројатно“ дека ќе го продолжи без договор.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4