Connect with us

Свет

Советот на ЕУ усвои нови правила: Затвор и високи глоби за коруптивни дејствија

Советот на ЕУ денеска ја донесе последната одлука неопходна за воведување на заедничко законодавство со кое се утврдуваат единствени дефиниции за корупција и соодветни казни. Законот ќе стапи во сила 20 дена по објавувањето во Службениот весник на ЕУ, се наведува во соопштението на Советот.

Државите-членки на ЕУ ќе имаат рок од 24 месеци за да ги внесат потребните измени во своите национални закони. Новите правила имаат за цел клучните корупциски престапи да се дефинираат и казнуваат на сличен начин низ целата Унија.

Овие престапи вклучуваат поткуп во јавниот и приватниот сектор, присвојување, тргување со влијание, попречување на правдата, збогатување преку коруптивни дејствија, прикривање и сериозни повреди при вршење на јавна функција. Државите-членки се обврзани да предвидат заеднички минимални казни, при што осудените лица ќе се соочуваат со затворски казни од три до пет години, во зависност од прекршокот.

Компаниите, исто така, ќе сносат одговорност и ќе се соочат со парични казни во висина од 3 до 5 проценти од нивниот вкупен светски промет, или во износ од 24 до 40 милиони евра. Дополнително, државите ќе бидат обврзани да формираат специјализирани институции за спречување на корупцијата и за подигнување на јавната свест за оваа појава.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2