Connect with us

Политика

Манасиевски: Димитријевиќ и СДС се ставија на услуга на српската опозиција

Димитријевиќ и СДС се ставија на услуга на српската опозиција, станаа маргинална партија во Македонија поради лични интереси на Зоран Заев и Зоран Башановиќ.

Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ, имал средба со српскиот опозиционер Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој дошол во Македонија со една цел а тоа е да оформи опозициски фронт со СДС за заеднички да соработуваат.

Инаку, Бранко Ружиќ лани бил суспендиран од својата партија СПС, поради неговите јавни ставови против власта во Србија, за само една година подоцна повторно да ги продолжи неговите политики, односно да делува опозициски.

Зад целата оваа приказна, стојат Зоран Башановиќ, и неговиот куќен пријател Зоран Заев, кои поради свои лични интереси работат за опозицијата во Србија.

Го прашуваме директно Димитријевиќ, генералниот секретар на СДС, дали средбата која се одржала во Скопје, српскиот политичар Бранко Ружиќ дошол во Македонија со бела шкода со регистарски таблички BG 3020 UC? Димитријевиќ треба да одговори дали на таа средба присуствувал и уште еден висок член на претседателство на партија СДС од Србија? Зошто СДС се става на располагање на опозиција во друга држава, а не се фокусира на македонската политичка сцена? И до кога поради Заев, СДС ќе тоне во кал?

Очекуваме одговори од Димитријевиќ и од СДС, а не празни флоскули. Утре на прес-конференција го откриваме името на вториот функционер од Србија со кој Димитријевиќ се има сретнато за оформување на овој опозициски фронт.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3