Свет
Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите меѓу Израел и Либан за прекин на огнот ќе се одржат денеска.
Тој на својата социјална мрежа „Тру соушал“ напиша дека разговорите ќе се одржат меѓу лидерите на двете земји.
„Се обидувам да добијам простор за дишење меѓу Израел и Либан. Помина долго време откако двајцата лидери разговараа, околу 34 години. Тоа ќе се случи денеска“, напиша Трамп.
април 16, 2026

