Connect with us

Свет

Раст од 5% на кинеското стопанство во првиот квартал годинава

Економијата на Кина оствари раст од пет проценти во првиот квартал од годинава, што е повеќе од предвидувањата на аналитичарите.

Според прелиминарните податоци на Националното биро за статистика, бруто-домашниот производ (БДП) се зголемил за пет проценти во споредба со истиот период лани надминувајќи ги прогнозите за раст од 4,8 проценти.

Во четвртиот квартал од 2025 година втората најголема светска економија забележа раст од 4,5 проценти, што беше најслаб резултат остварен по укинувањето на ковид-рестрикциите пред три години.

Главните предизвици на кинеската економија сè уште се ослабената побарувачка и прекумерната понуда во одредени сектори.

Властите во Пекинг настојуваат да ја поттикнат домашната потрошувачка како двигател на растот. Недворешните фактори, како конфликтот со Иран, како и растечките трошоци, вклучително и повисоките цени на нафтата, создаваат дополнителна неизвесност за економските перспективи.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4