Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да се посвети на консолидирање на СДС и да се огради од криминалите на Заев

Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолжен празничен викенд беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат поради кризата на Блискиот Исток. Но, Филипче очигледно нашол друга дестинација, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо тоа, подобро ќе беше за него и неговото раководство да седнат и да поработат, да ја извадат СДСМ од живата кал во која ја втурнаа.

А излезот од ова е едноставен, јасно оградување од матните зделки и криминали на Заев додека СДСМ беше на власт. 

Филипче може да почне со оградување од сомнителните пријатели и матни бизнис партнери на Заев како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски…Да не ги набројуваме сите вклучени во криминалните шеми на Заев. Секако, сето ова треба да биде предмет на разгледување и процесуирање од страна на надлежните правосудни институции.

И наместо оградување и консолидирање на СДСМ која е на раб на исчезнување поради другарувањето со Заев, Филипче се втурна во пишување статуси на социјалните мрежи, пишување на соопштенија за изборите во Унгарија и победата на Петер Маѓар и неговата Тиса, притоа измислувајќи некакви приватни бизниси меѓу Македонија со веќе опозиционерот Виктор Орбан.

Да му повториме и во оваа прилика, меѓу Македонија и Унгарија има вообичаена официјална комуникација и соработка меѓу две држави во различни области.

Добронамерен апел до Филипче, не измислувај, фати се за работа и консолидирај ја СДСМ. На секоја држава, како и на Македонија и треба функционална опозиција, се наведува во соопштението. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2