Connect with us

Свет

Интензивни руски напади врз украинското пристаниште Измаил, погоден и брод што пловел под панамско знаме

Во интензивните руски напади извршени во текот на ноќта нанесени се штети врз пристанишната и цивилната инфраструктура во пристанишниот град Измаил, што се наоѓа на вливот на реката Дунав во Црното Море, во југозападниот дел на Украина на границата со Романија.

Олег Кипер, началникот на воената администрација на Одеса, преку објава на „Телеграм“ соопшти дека во нападите е оштетен докот и опремата на пристаништето Измаил, а оштетен е и брод што пловел под панамско знаме.

Во нападите е уништен објект што работел како автосервис, два патнички автобуси и седум автомобили. Оштетени се и покриви на шест приватни станбени објекти и едно возило на Службата за итна медицинска помош.

Во нападите нема нема загинати или повредени лица, наведуваат локалните власти, додавајќи дека надлежните служби работат на санирање на последиците.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3