Connect with us

Свет

Најмалку 31 човек загинаа во судири во затвор во Еквадор

Триесет и еден човек загинаа во синоќешните судири во затвор во југозападниот еквадорски град Мачала. Во насилството помеѓу групи затвореници употребени се огнено оружје и експлозиви.

Еквадорските затвори станаа бојно поле помеѓу ривалските наркобанди. Од 2021 година во судирите во еквадорските затвори убиени се речиси 500 луѓе.

На крајот на септември во вооружените судири во истиот затвор загинаа 14 лица, меѓу кои и еден чувар. 

Ad
Ad