Connect with us

Хроника

Приведен е 35-годишен кумановец што на сила држел познаник во својот дом и го принудувал на сексуални дејствија и дрога

Приведен е кумановец, кој противправно држел лице од Куманово во својот дом, физички го напаѓал и го принудувал да користи дрога и орално да го задоволува, соопшти денеска МВР.

Вчера во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П.(35) од Куманово.

-Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи дрога – соопшти МВР.

При приведувањето, кај Д.П. биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. 

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Маркетинг
Ad 1
Ad 1