Фудбал
Белгија се проби на второто место на табелата

Репрезентацијата на Белгија со убедливата победа од 6:0 против Казахстан се проби на второто место на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026, каде лидер е македонската репрезентација.
Белгиските репрезентативци го надиграа противникот, а отпорот го скршија во последните минути од првиот дел. По два гола постигнаа Кевин де Бруин и Џереми Доку, додека еднаш мрежата на противникот ја затресоа Николас Раскин и Томас Муние.
Белгија е следен противник на македонската репрезентација, а натпреварот се игра на 10.октомври во Гент.
Нашата репрезентација е прва со 11 бодови, Белгија е втора со 10, исто колку што има Велс. На четвртото место е Казахстан со 3, а Лихтенштајн е последен без бод.
септември 9, 2025