Connect with us

Кошарка

Сан Антонио ја победи Оклахома и го израмни резултатот во плејоф серијата

Сан Антонио ноќеска ја победи Оклахома Сити во четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА со 103:82. Натпреварот се играше во Сан Антонио.

Центарот на Спарс, Виктор Вембањама беше најефикасен на натпреварот со 33 поени. Двоцифрени во победничкиот тим беа и Васел (13) и Касл (13).

Кај гостите најефикасни беа Гилџус-Александар (19 поени), Хартенштајн (12), Џо (11).

По оваа победа Сан Антонио израмни на 2:2 во серијата прв до четири.

Следниот натпревар ќе се игра на 27 мај во Оклахома Сити.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1