Connect with us

Кошарка

Олимпијакос нов европски првак

Кошаркарите на Олимпијакос се нови европски шампиони откако во финалето вечерва во финалето на Евролигата го совладаа Реал Мадрид со 92:85. Ова е четврта титула европски првак за Олимпијакос, а последната ја освоија 2013 година.

Вечерашното финале по првите два периода заврши 46:44 за Олимпијакос, а на крајот од третиот период Реал Мадрид водеше со 65:61. Сепак решавачката предност кошаркарите на Олимпијакос ја постигнаа во последната четвртина што ја добија со 31:20, а резултатот последен пат беше нерешен 80:80.

Најефикасен кај победникот беше Еван Фурние со 20 поени, додека најдобар поединец во финалето беше Алек со 16 поени и индекс на поени 26. Во редовите на Реал Мадрид најефикасен беше Марио Хезоња со 19 поени, но во завршницата промаши две тројки.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1