Сцена
По втората полуфинална вечер на Евровизија, Бугарија и Албанија им се придружија на Грција, Србија и Хрватска во финалето
На втората полуфинална вечер од 70. издание на Евросонг во финалето одат следните земји: Бугарија, Украина, Норвешка, Австралија, Романија, Малта, Кипар, Албанија, Данска и Чешка.
Во второто полуфинале настапија 15 земји. Бугарија, претставена од Дара со песната „Бангаранга“ (Bangaranga), ја отвори вечерта по што следуваа Азербејџан, Романија, Луксембург, Чешка, Ерменија… Лелека од Украина ја изведе песната „Ридним“ (Ridnym)“, а по неа, претставничката на Албанија, Алис, ја отпеа „Нан“ (Nân).
Од големата петорка, кои директно се пласираат во финалето, синоќа настапија Монро од Франција и Сем Бартл (познат со сценското име Лук мам но компјутер (Look Mum No Computer)) од Обединетото Кралство, како и Бењамин Гедеон-Козмо испратен од земјата домаќин, Австрија, која исто така директно се пласира во финалето.
За потсетување, првото полуфинале се одржа во вторник, а од 15-те земји што се натпреваруваа, во финалето се пласираа Србија, Хрватска, Грција, Финска, Шведска, Израел, Молдавија, Литванија, Полска и Белгија. Финалето на 70. издание на Евровизија ќе се одржи в сабота, 16 мај, со почеток во 21 часот по македонско време.
мај 16, 2026
