Фудбал
ПМФЛ: По бод за Арсими и Тиквеш
Во последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Арсими и Тиквеш одиграа попладнево во Гостивар без победник 1-1.
Домашниот тим дојде во водство во 38 минута со голот на Каба Јакупи, а конечниот резултат го постави најдобриот стрелец сезонава во прволигашката конкуренција Н’Фанли Сила.
ПМФЛ – 10 коло:
Арсими – Тиквеш 1-1
Скопје – Шкендија Тетово 1-3 (недела)
Башкими – Силекс 0-3 (недела)
Брегалница – Вардар 0-1 (сабота)
Шкендија Арачиново – Струга 0-2 (сабота).
Табела: Шкендија Тетово 23, Струга 20, Вардар 20, Тиквеш 17, Шкендија Арачиново 14, Силекс 13, Брегалница 10, Арсими 10, Башкими 7, Скопје 3.
октомври 20, 2026


