Connect with us

Свет

Лажни закани за поставени бомби во стотици училишта во Северна Ирска, Шкотска, Унгарија и во Србија

Стотици училишта во Северна Ирска, во Шкотска, во Унгарија и во Србија денеска добија лажни закани со поставени бомби, што предизвикаа евакуација на дел од училиштата.

Локалните власти ги опишаа предупредувањата како лажни и сè уште не е јасно дали инцидентите се поврзани.

Во Северна Ирска, полицијата соопшти дека до 300 училишта добиле ист заканувачки електронска пошта. Полицијата соопшти дека пораката е „испратена надвор од Велика Британија“ и дека се третира како „измама“.

Министерот за образование на Северна Ирска претходно изјави дека заканата „се чини дека доаѓа од исламисти кои тврдат дека во земјата се воведува шеријатски закон и оти во овие образовни институции се поставени вистински експлозивни направи“. Тој додаде дека некои училишта ја прекинале наставата.

Во меѓувреме, шкотската полиција соопшти дека истражува „закани испратени до неколку училишта“ во земјата, без да даде конкретни детали, освен дека биле „лажни предупредувања“.

До повеќе од 70 училишта во Унгарија биле испратени електронски пораки за поставени бомби. Голем број училишта биле евакуирани, но властите соопштија дека не се пронајдени експлозивни направи.

Врз основа на досегашните истраги, заканите утрово се покажаа како неосновани, изјави унгарскиот министер за внатрешни работи Габор Посфај.

Во Србија, над 100 училишта добиле и закани за поставени бомби. 

Ad
Ad