Connect with us

Сцена

Мадона, Шакира и БТС ќе настапат на полувремето на мундијалското финале

Легендарната поп пејачка Мадона, колумбиската музичка ѕвезда Шакира и јужнокорејската К-поп група БТС ќе бидат главни ѕвезди на полувремето од финалето на Светското фудбалско првенство, објавија синоќа организаторите.
Финалето ќе се игра на 19 јули на „Метлајф“ стадионот во Њујорк и прв пат во 96-годишната мундијалска историја ќе биде збогатено со музички настап.
Продуцент на музичката програма е Крис Мартин од „Колдплеј“, чие искуство од сценски настап на полувреме на спортски спектакл датира од 2016 година, кога заедно со Бруно Марс и Бијонсе, настапи на јубилејното 50. издание на Супербол на стадионот „Ливајс“ во Санта Клара.
Минатата недела, колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја објави официјалната песна за претстојното Светско првенство, насловена „Dai, Dai“.
Шакира ја изведе и официјалната песна за Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка – Waka Waka (This Time for Africa), а ги изведуваше своите хитови „Hips Don’t Lie“ и „La La La“ за време на церемониите на светските првенства во 2006 година во Германија и во 2014 година во Бразил.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1