Connect with us

Хроника

Пронајдена марихуана при претрес во Охрид, приведен 31-годишник од Кичево

Полициски службеници од СВР Охрид синоќа околу 20 часот извршиле претрес во дом и помошни простории во Охрид, каде престојувал И.Ј. од Кичево, при што била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

„На 12 мај 2026 околу 20 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршија претрес во домот и помошни простории во Охрид каде престојува И.Ј. од Кичево. При претресот е пронајдена и одземена марихуана, по што лицето е повикано во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението на МВР.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1