Хроника
65- годишен маж во Штип, неколку години злоставувал три малолетни девојчиња, доби 30 дневен притвор
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејства врз три девојчиња што не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел можност во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото – соопшти Основното јавно обвинителство.
Јавниот обвинител, како што е наведено, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
мај 13, 2026
