Хроника
Велешките пожарникари изгаснале шпорет во пламен на балкон и спречиле да се запали станот
Во Територијалната противпожарна единица во Велес денеска во 10:56 часот била примена дојава за запален стан на ул. Благој Ѓорев бр. 8/2 односно на главната градска улица спроти Офицерскиот дом. Во пламен бил шпорет на тераса, а со брза интервенција пожарникариле спречиле пожарот да се прошири на станот.
Како што појаснуваат попладнево за МИА од Територијална противпожарна единица Велес, тие веднаш по пријавата излегле местото со едно противпожарно возило и четири пожарникари. По пристигнувањето било констатирано дека гори шпорет на терасата. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, пожарот бил изгаснат и не било дозволено негово проширување.
Во акцијата нема повредени лица, информираа од ТППЕ Велес.
мај 14, 2026
