Општини
Трипуновски: Поддршка од 25,5 милиони денари за Научниот институт за тутун – Прилеп за современи оранжерии за расад на тутун
Научниот институт за тутун – Прилеп ќе добие поддршка од 25.500.000 денари за набавка и инсталирање на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии во контролирани услови на површина до 0,6 хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Министерот Трипуновски во објава на Фејсбук сподели дека ги посетил лабораториите на Институтот во кои се врши анализа на почва и производи од тутун.
Според Трипуновски, се очекува производство на расад за садење на 12 хектари тутун, наменет за производство на сертифициран семенски материјал.
– Со добивање на квалитетен семенски материјал се инвестира во квалитетно производство на тутун. Продолжуваме со инвестиции во науката и во развојот на домашното земјоделско производство, напиша во објава на Фејсбук Трипуновски
мај 10, 2026

