Connect with us

Општини

Во Битола одбележан Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Општина Битола и општинската организација на Сојуз на борци ги одбележаа Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. 

Според востановената традиција, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола, претставници на општинската организација на Сојузот на борци, на политички партии и здруженија по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, положија цвеќе пред Споменикот на Народноослободителната војна и антифашистичка револуција што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола.

Делегациите оддадоа почит на борците од Народно ослободителната борба, а членови на ОО на Сојуз на борци-Битола одржаа историски час.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1