Connect with us

Култура

Во Битола отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама

Новото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама синоќа почна со спектакуларно отворање кое го приреди НУ Центар за култура-Битола низ мега-изложба на фотографии „Лауреати на фестивалот“, музички перформанс и монодрама која ја изведе актерката Тијана Дапчевиќ.

Гостите од градот, државата и странство ги поздрави Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура кој истакна дека на фестивалските сцени во Битола ќе настапат актери од повеќе европски земји и од Египет.

-Годинава фестивалот се одржува под мотото „Огледало на вистината“ со што сакаме да ја истакнеме суштината на монодрамата. Сцената како простор каде се огледуваат, личните, општествените и универзалната вистина. Во време на информации, но и дезинформации, веруваме дека уметноста има важна улога, да поставува прашања, да отвора дијалог и да поттикнува на размислување. Фестивалот нуди богата програма, а ќе снимиме и документарен филм кој ќе претставува траен запис за неговото значење и развој, посочи Илковски.

Интернационалниот фестивал на монодрама денеска продолжува со настап на актерите што ќе се натпреваруваат за наградата Гран при. Според програмата, на големата сцена ќе биде изведена монодрамата „Џег Хамлет“ која ќе ја одигра актерот Дени Денис од Данска, на новата сцена актерот Ахмед Јехија Махмуд Авад од Египет ќе ја изведе монодрамата „Поштарот на Неруда“, а во вечерната програма ќе биде изведена монодрамата „Животот нема наслов“ во која ќе настапи актерката Енџи Николоска

Маркетинг
Ad 3
Ad 4