Вести
Хуманитарни акции по повод Денот на Генералштабот на Армијата
По повод одбележувањето на Денот на Генералштабот на Армијата, покрај протоколарните активности, се реализираше и доброволна хуманитарна акција. Во Општина Неготино припадниците на Генералштабот донираа технички средства, спортски реквизити и школски прибор за децата од градинките „Фемо Кулаков“ и основните училишта „Страшо Пинџур“ во село Криволак и село Пепелиште.
На чинот на предавањето на донираните средства, освен претставници на Армијата присуствуваше и градоначалничката Марија Нацева.

На хуманитарната акција се придружија и учесниците на вежбата „БЛЕСОК 26“ што се опдржа на АП „Криволак“, со донирање кондиторски производи и освежителни пијалаци.
-Претставници од раководството на вежбата, Генералштабот на Армијата и Командата за обука и доктрини ја имаа честа да присуствуваат на предавањето на донацијата на децата од наведените градинки и училишта во село Криволак и село Пепелиште, како и во специјалниот завод во Демир Капија, информираат од Генералштабот на Армијата.
април 23, 2026

