Connect with us

Култура

Почна Саемот на книгата – манифестација што ја обединува публиката и ја поттикнува читачката култура

Речиси 30.000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови, присуство на над 60 издавачки куќи – богата програма со специјални попусти, книжевни панели и интерактивни работилници, ќе понуди  38. Саем на книгата, кој почна денеска и ќе трае до 29 април.

Саемот се одржува во арената „Борис Трајковски“ со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, а го отворија претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. 

Како што истакнаа Сиљановска-Давкова и Љутков во обраќањата, оваа манифестација останува еден од најзначајните културни настани, кој ја обединува публиката од целата земја и од странство, ја поттикнува читачката култура и создава простор за поврзување меѓу авторите, издавачите и читателите.

– Народ што чита ја разбира иднината зашто знае дека таа се гради со знаење. Денешниот ден нè обврзува да ја сочуваме книгата од заборавот – рече Сиљановска-Давкова, кој го прогласи саемот за отворен.

Според министерот Љутков, саемот на книгата ги слави зборот како темел на културата, мислата како двигател на општеството и книгата како простор во кој секоја идеја пронаоѓа свој живот. 

– Народ што чита, не може лесно да се манипулира. Народ што размислува, не може лесно да се подели, а народ што создава, не може лесно да исчезне. Живееме во време на брзина, на површност, на информации што доаѓаат и исчезнуваат во секунди. Во таквиот свет, книгата е чин на отпор. Да седнеш и да читаш значи да одлучиш да мислиш, да одлучиш дека вниманието е вредност, дека тишината има смисла, порача Љутков.

Официјалното отворање на саемот беше збогатено со настап на хорчето од градинката „Детска радост “. Дечињата им дадоа подароци – книги на претседателката Силјановска-Давкова и на министерот Љутков. 

-Овој саем му е посветен на тивкиот, често невидлив херој без кој ниедна книга нема да заживее, бидејќи книгата не постои додека не биде прочитана. Таа е потенцијал што станува вистина во рац

Се обрати и претседателот на Македонската асоцијација на издавачи Бојан Саздов кој се осврна на активностите за популаризацијата на книгите, но и на македонската книжевност надвор од границите.

Отворањето на саемот годинава се совпаѓа со Светскиот ден на книгата и авторското право.

Работното време е од 10 до 20 часот, а со секоја купена редовна влезница ќе бидат донирани средства на СОС „Детско село“. Саемот на книгата и оваа година е поддржан од Министерството за култура и туризам. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4