Connect with us

Регион

(Видео) Изгубен бик на автопат во близина на Солун

Сообраќаен хаос на автопатот Солун – Атина, во близина на солунското предградие Синдос, рано утрово предизвика изгубен бик, кој се движел меѓу возилата, а по интервенција на сопственикот и со помош на полицијата, животното било фатено, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, бикот под засега непознати околности, успеал да побегне од сопственикот и да стигне до автопатот, каде што останал околу еден час.

За среќа, освен сообраќаен хаос, не предизвикал некаков посериозен проблем или сообраќајна несреќа.

Телевизијата „Action 24“ објави видео на кое се гледа дека откако бикот бил фатен, бил врзан за метална заштитна ограда на патот и е видно вознемирен и исплашен.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2