Connect with us

Регион

Влада на Србија: Построга контрола на усогласеноста со регулативите на ЕУ пред усвојување закони

Владата на Србија денеска објави дека им наложила на сите државни органи во подготовка на закони или подзаконски акти, да посветат посебно внимание на нивна усогласеност со правните текови на Европската унија, и да проверат дека со Европската комисија претходно се направени консултации во врска со предложени прописи.

Како што е наведено во владиното соопштение, надзорот над спроведувањето на тие правила ќе му биде доверен на Министерството за европски интеграции.

Се додава дека во иднина, сите предлагачи на прописи ќе бидат обврзани претходно да добијат мислење од Министерството за европски интеграции.

Владата на Србија наведува дека без верификација од страна на Министерството за европски интеграции, нема да биде можно да се усвојат закони и подзаконски акти на ЕУ релевантни за процесот на пристапување на Србија кон ЕУ.

Бриселски Политико објави дека денеска еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ќе објави дека Европската Унија замрзнува 1,5 милијарди евра наменети за Србија поради контроверзните судски реформи што ги усвои Белград во јануари.

Се очекува комесарката Кос да нагласи дека Белград нема да добие ниту еден цент од грантовите на ЕУ наменети за хармонизација со Унијата се додека Венецијанската комисија на Советот на Европа не го објави своето мислење за српските реформи, што се очекува до крајот на овој месец.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2