Connect with us

Регион

„Политико“: Србија ќе остане без 1,5 милијарда евра од ЕУ поради контроверзни судски реформи

Eврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска ќе објави дека Европската Унија замрзнува 1,5 милијарди евра наменети за Србија поради контроверзните судски реформи усвоени од Белград во јануари – објави бриселски „Политико“.

Се очекува комесарката Кос да нагласи дека Белград нема да добие ниеден цент од грантовите на ЕУ наменети за хармонизација со Унијата сè додека Венециската комисија на Советот на Европа не го објави своето мислење за српските реформи, што се очекува до крајот на април.

Toа официјално ќе го објави Кос на денешниот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

Србија претходно вети дека ќе ги прифати препораките на Венециската комисија, што може да вклучуваат измена или укинување на спорните закони. Комесарката Кос бара Србија да ги усогласи своите закони за правосудство со тие препораки.

Трпението на ЕУ кон Србија значително се намали во изминатите месеци поради предупредувањата за демократско назадување и анти-ЕУ наративот во Белград, додека Србија одржува блиски врски со Русија, наведува „Политико“.
Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, денеска во Брисел ќе има средба со европската комесарка за проширување, Марта Кос, јави „Н1“. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1