Connect with us

Култура

„Супер Марио Гакаксија“ – филмот ја задржува водечката позиција на бокс-офис листата на Северна Америка

„Супер Марио Галаксија – филмот“ трета недела по ред се наоѓа на врвот на бокс-офис листата во Северна Америка, пренесоа американските медиуми.

Во текот на изминатиот викенд, продолжението на анимираниот хит „Супер Марио Брос – Филм од 2023 година оствари приходи од 35 милиони американски долари од продажба на билети во киносалите во САД и Канада. Продукцијата, која е дистрибуирана од „Јуниверзал Пикчрс“, досега има вкупна заработка од 747,5 милиони американски долари на светско ниво.

Второто место на бокс-офисот го зазема уште еден филм со вселенска тематика – Проектот „Аве Марија“, во кој главната улога ја толкува Рајан Гослинг. Филмот во својот петти викенд прикажување оствари приходи од 20,5 милиони американски долари, со што вкупната заработка во Северна Америка достигна 285,1 милиони долари, додека на светско ниво изнесува 573,1 милиони долари. Третото место му припадна на новиот хорор-филм „Мумијата“ („Мумијата на Ли Кронин“) – Филм, кој не доби позитивна критика ни од критичарите ниту од публиката, оствари 13,5 милиони американски долари од продажба на билети во текот на викендот.

– Минатата година беше најуспешна за хорор филмовите. Засега таквиот тренд не се забележува во 2026 година, изјави раководителот на одделот за пазарни трендови за мерење и анализа на медиумска публика во Комскор (Comscore), Пол Дергарабедијан.

Оваа листа ја заокружуваат две романтични комедии: „Драмата“ со Зендаја и Роберт Патинсон и „Ти, јас и Тоскана“ со Хали Бејли и Реге-Жан Пејџ. Приходите од овие два филма во киносалите во САД и Канада за изминатиот викенд изнесуваат 4,8 милиони и 3,8 милиони американски долари. За претстојниот викенд се очекува ново оживување на бокс-офисот со премиерата на филмот „Мајкл“, биографски филм за Мајкл Џексон. Првичните процени укажуваат дека продукцијата „Лајонсгејт“ би можела да оствари над 60 милиони американски долари (а според некои аналитичари и меѓу 75 и 90 милиони долари) во својот дебитантски викенд во Северна Америка, и тој би бил еден од најуспешните музички биографски филмови во историјата.

Засега рекордот му припаѓа на филмот „Директно од Комптон“ („Straight Outta Compton“), кој започна со 60 милиони долари во 2015 година. Друг значаен биографски хит е „Боемска рапсодија“ – со почеток од 50 милиони долари, а подоцна заработи над 910 милиони долари на светско ниво.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1