Connect with us

Култура

Во Белград ќе се одржи концерт за пијано и саксофон со Маја Поповиќ и Нинослав Димов

Во Културниот центар Белград вечерва ќе се одржи концерт за пијано и саксофон во изведба на Маја Поповиќ и Нинослав Димов.

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, кој е организатор на овој музички настан, поддржан од Министерството за култура и туризам, продолжува да гради партнерски односи со познати културни инститиции, како што е една од најпознатите и најпопуларните, Културниот центар Белград.

Македонските музички уметници вечерва на белградската публика ќе и понудат богата музичка содржина, меѓу кои и три дела за пијано и саксофон од Димитрије Бужаровски.
 
Директорот Васко Шутаров, заедно со стручниот соработник за музичка програма на Културниот центар Белград, Дамјана Његиќ, заеднички ќе ги најават македонските уметници и ќе го отворат овој музички настан.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2