Connect with us

Регион

Вучиќ пред годишнина од Бриселскиот договор: Тринаесет години лаги, не сакаат да ја основаат ЗСО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Белград го исполнува Бриселскиот договор, потпишан пред 13 години, но тој период според него, се карактеризира со „лаги“ и целта е да се признае независноста на Косово.

Во интервју за Косово онлајн, тој додава дека Приштина нема намера да ја формира Заедницата на српски општини како што е предвидено со договорот. Бриселскиот договор беше потпишан на 19 април 2013 година.

Вучиќ додаде дека тој ден  бил полн со компромиси во речиси невозможни услови.

„Притисоците беа огромни од сите страни… Ако некој се спротивстави на притисокот, тоа беа делегациите во чија работа учествував и се обидував да ги заштитам нашите интереси на најсилен начин“, рече Александар Вучиќ.

Во интервјуто тој вели дека сакал добри односи со Албанците и верувал дека нивната единствена цел „не е само да ги протераат Србите, туку да сакаат мир и стабилност“.

Вучиќ, исто така, рече дека се „срами“ што шест од десетте точки од Бриселскиот договор, што се однесуваат на формирањето на ЗСО, не се исполнети, додавајќи дека смета дека срамот не е негов, „туку на оние што го гарантирале – Европската Унија“.

„Одржавме 245 состаноци во процесот на дијалог, 38 на највисоко ниво, Бог знае колку денови и ноќи вкупно, Бог знае колку мултилатерални состаноци на маргините на европската политичка заедница и на многу други организации и институции. И секогаш имаше само една желба – како и на кој начин да ги принудиме Србите да ја прифатат независноста на Косово“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека сето ова се „игри“, и дека целта е само една – Србија „де јуре“ и конечно „де факто“ да ја признае независноста на Косово.

Вучиќ рече дека без оглед на притисокот, Србија нема да ја прифати и признае независноста на Косово и дека „нема влада што може да го стори тоа во иднина“. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3