Connect with us

Општини

Пробиен е патот од Маврово до Галичник, се вози во снежни услови

Со подобрување на временските услови, екипите кои работеа на расчистување на локалниот пат од Маврово до мијачкото село Галичник конечно го пробија снежниот нанос во месноста Царевец.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во последното соопштение потврдуваат дека екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ ги пробија снежните наноси на патниот правец Маврово-Галичник.

Од диспечерски – информативен центар на јавното претпријатие нагласуваат дека сообраќајот ќе се одвива во зимски услови и возачите да внимаваат на околностите и остатоците од снег на коловозот.

Снежните врнежи кои оваа зима беа обилни придонесоа за заостанување на снегот на планината Бистра и заради тоа, едно од најголемите мијачки села беа отсечени речиси цела зима.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2