Фудбал
Арсенал елиминиран од Саутемптон во четвртфиналето на ФА Купот
Лидерот во Премиер лигата, тимот на Арсенал синоќа загуби на гостински терен со 2:1 од Саутемптон во четвртфиналето на ФА купот.
Рос Стјуарт од Арсенал го отвори резултатот во 35. минута. Гостите од Лондон израмнија со голот на Виктор Ѓекереш во 68. минута. Шеа Чарлс постигна гол во 85. минута и ја обезбеди победата на Саутемптон.
Арсенал пред две недели загуби во финалето на англискиот Лига куп.
Саутемптон е третиот тим кој обезбеди полуфинале во ФА купот. Претходно полуфинале изборија Манчестер сити и Челзи.
Последниот учесник во полуфиналето ќе биде познат денес по дуелот Вест Хем – Лидс.
април 6, 2026

