Connect with us

Фудбал

Арбелоа: Винисиус е уморен е затоа што Анчелоти не му дозволи да се одмори

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, зборуваше за состојбата на напаѓачот Винисиус Жуниор пред 30. коло од шпанската фудбалска  лига против Мајорка.

Според Арбелоа, 25-годишниот Винисиус е под значителен притисок поради неговите натпревари за бразилската репрезентација.

-Уморен е затоа што мојот пријател Анчелоти не му дозволи да се одмори, што е нормално. Барањата во Реал Мадрид и бразилската репрезентација се огромни. Винисиус има големо оптоварување со натпревари. Немал ниту еден ден одмор, а денес ќе видиме како се чувствува, а потоа ќе одлучиме дали тој ќе игра, го цитира Арбелоа „ESPN“.

Винисиус претходно ги одигра сите 90 минути во пријателскиот натпревар против Франција (1:2) и 67 минути во победата од 3:1 против Хрватска.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3