Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Бразил има добра тимска инфраструктура, на СП ќе функционираме одлично

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, е задоволен од постигнатото по неговото доаѓање на селекторското место кај „Кариоките“.

-Не сум нервозен за Светското првенство. Среќен сум и мотивиран, самоуверен и смирен. Имаме добра тимска структура, добра атмосфера и ќе функционира одлично. Смирени сме, изјави Анчелоти за инсајдерот Фабрицио Романо на страницата на социјалните медиуми Икс.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи ова лето во САД, Мексико и Канада. 

На Мундијалот 2026 Бразилците ќе играат во групата „Ц“ против Мароко, Хаити и Шкотска.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3